ЗНАЧИ МОЖЕЛО ДА СЕ ИСЧИСТИ! Матка доби нови контејнери, ѓубрето околу нив собрано

На влезот во Матка, каде што од два остана само еден контејнер, сега се поставени три нови контејнери.

1,352

Во текот на минатата недела во Долна Матка се поставени нови контејнери и ѓубрето што беше расфрлано околу нив, е собрано.

Да потсетиме дека за празникот на селото Голема Богородица, на 28 август, контејнерите беа преполни со ѓубре, а тоа беше расфрлано околу нив и по улицата, така што возилата мораа да го заобиколуваат.






– Значи можело – кусо заклучуваат жителите на Матка откако виделе дека се донесени нови контејнери и дека е чисто околу нив.

Тие се сомневаа дека Општина Сарај намерно не го чисти ѓубрето и правеа споредби со соседното село Глумово каде ѓубрето се собира од пред куќите дури два пати неделно.

– Убаво што исчистиле и што донеле нови контејнери. Само сега така треба да остане, да се одржува и да се чисти редовно. Најтажно од сѐ е што ние треба да реагираме јавно за тие да си ја вршат работата за која се ангажирани – вели С.Т., жител на Матка.

На влезот во Матка, каде што од два остана само еден контејнер, сега се поставени три нови контејнери.

СО КУПИШТА ЃУБРЕ МАТКА ГИ ПРЕЧЕКА ВЕРНИЦИТЕ И ГОСТИТЕ ЗА ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА Зошто Општина Сарај не го собра ѓубрето барем за празникот?

Поврзани содржини