МЕЏИТИ ДОБИ КОШАРКАРСКИ ДРЕС „Чаир 2030“ е една од најуспешните локални спортски приказни

45

Првиот заменик претседател на Владата и кандидат на коалицијата Вреди за градоначалник на Oпштина Чаир, Изет Меџити, се сретна со играчите и со раководството на кошаркарскиот клуб „Чаир 2030“, една од најуспешните спортски приказни на локално ниво во последната деценија, соопшти Вреди.

Овој клуб, кој започна од мала група ентузијасти, денес се натпреварува во Суперлигата на Македонија, достојно претставувајќи ја општината и инспирирајќи ги младите генерации.






– Чаир има богата спортска историја. Време е оваа историја да се поддржи со институционална посветеност, бидејќи спортот не е само игра, тоа е едукација, карактер, здравје и гордост – истакна Меџити за време на посетата на клубот.

Меџити ја оцени работата на тренерот Ерхан Рамадани, кој со визија и професионален пристап го води тимот кон нови резултати, и го потенцираше својот ангажман дека, како иден градоначалник на Општина Чаир, ќе се залага за структурирана поддршка за клубовите и младите спортисти, за инвестиции во модерна и достапна спортска инфраструктура за сите, јасни политики за развој на младинскиот и културниот живот во општината.

Општина Чаир ja ставила спортската сала на располагање на клубот бесплатно, обезбедувајќи им на кошаркарите соодветни услови за тренинг и за натпревари.

Меџити доби симболичен дрес од клубот како знак на благодарност за дадената поддршка.

– Кога инвестираме во спорт, инвестираме во иднината на нашите деца и во еден посилен Чаир. Младите се нашето најголемо богатство и мора да имаат простор да напредуваат – додаде Меџити.

Поврзани содржини