📽️ ТИШИНА, МУ РЕЧЕ ТРАМП НА НОВИНАР „Знаеш ли колкава штета ѝ правиш со ова на Австралија?“

Според мене, во моментов ѝ правите многу штета на Австралија, а тие сакаат да се сложуваат со мене. Знаете дека вашиот лидер наскоро ќе дојде кај мене. Ќе му кажам за вас, му рече Трамп на новинарот Џон Лионс.

878

Знаете ли колкава штета ѝ правите на вашата земја со ова прашање, му рече шефот на САД на австралискиот новинар Џон Лионс кој го праша претседателот колку се збогатил откако стапил на функцијата во Белата куќа.

– Па, не сум се збогатил навистина. Моите деца го водат бизнисот. Јас сум тука – одговори американскиот претседател Доналд Трамп на аеродром пред да замине во својата најавена посета на Велика Британија.






Од каде сте?, веднаш додаде Трамп, а откако дозна дека новинарот е од Австралија, возврати:

– Според мене, во моментов ѝ правите многу штета на Австралија, а тие сакаат да се сложуваат со мене. Знаете дека вашиот лидер наскоро ќе дојде кај мене. Ќе му кажам за вас – додаде Трамп, мислејќи на премиерот на Австралија Ентони Албанезе.

Потоа побара ново прашање и рече „Тишина“.

 

Трамп претходно во истиот разговор откри дека деловниот имот сè уште го гради неговото семејство.

– Децата го водат мојот бизнис. Повеќето од зделките што сум ги склучил се склучени и претходно. Градев згради, како што градам зграда тука – рече претседателот и покажа кон областа каде што планира да изгради сала за бал вредна околу 200 милиони долари.

Според кабинетот на Трамп салата ќе служи за државни церемонии и за приеми.

Поврзани содржини