„БЛОКИРАЈ СЀ“ ГИ ПАРАЛИЗИРА ПАРИЗ, ЛИОН И НАНТ Демонстранти ги затворија улиците во неколку француски градови

Масовни демонстрации против мерките за штедење предизвикаа хаос во повеќе градови, со апсења, блокади и употреба на солзавец од полицијата.

221

Протестите под мотото „Блокирајте сè“ продолжуваат низ Франција, со најавени собири во Париз, Нант, Лион, Марсеј, Ница и други големи градови, јавува Фигаро. Најмасовни демонстрации се очекуваат во западниот дел од земјата – Брест, Сен Брије, Оре, Ван, Гер, Рен и Фужер.

На 10 септември веќе беа одржани масовни собири против мерките за штедење предвидени во буџетот за 2026 година. Според Министерството за внатрешни работи, во протестите учествувале околу 200.000 луѓе на стотици локации, а редот го обезбедувале 80.000 полицајци.






Демонстрантите изразија незадоволство од социјалните и економските политики на претседателот Емануел Макрон.

„Овие протести се гласот на граѓаните кои чувствуваат дека нивниот живот станува сè потежок. Ние бараме правда и посветеност на потребите на народот, а не само економски штедења на хартија“, изјави еден од демонстрантите во Париз.

Во повеќе градови дојде до инциденти. Во Нант и Монпеље демонстрантите блокираа патишта и палеа гуми, по што полицијата употреби солзавец. Во Тулуз пожар на железничките пруги предизвика прекини во сообраќајот, додека во Бордо група маскирани лица се обидела да блокира сообраќајници.

Во Париз, кај училиштето „Елен-Буше“, демонстрантите превртуваа контејнери и палеле огнови, а во Лион група успеала накратко да ја заземе железничката станица.

Вчера полицијата уапси десетици лица кои се обиделе да блокираат универзитетски кампус во предградието Брон. Според полицијата, станува збор за група од 50 до 100 маскирани лица вооружени со железни шипки и други предмети.

Комесарот на полицијата во Париз истакна:
„Нашата приоритет е да се обезбеди безбедноста на граѓаните и јавниот ред. Инцидентите со насилство ќе бидат санкционирани, а сите маскирани лица кои извршуваат напади ќе бидат приведени.“

Протестите се очекува да продолжат и во наредните денови, со повици за блокади во нови градови, како дел од националната мобилизација против економските мерки.

Поврзани содржини