ИЗРАЕЛ ФРЛА ЛЕТОЦИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА Над 250.000 жители веќе го напуштиле градот

Армијата на Израел предупредува на интензивни операции во западна Газа, граѓаните се пренасочуваат кон југ,

195

Израелската армија денеска соопшти дека интензивирала акции во западните делови на градот Газа и преку летоци ги повикала жителите итно да се евакуираат. Истовремено, агенцијата за цивилна одбрана во Газа, која е под контрола на Хамас, информира за континуирани воздушни напади во тој дел од градот.

„Израелската армија дејствува со многу интензивна сила во вашата област и е решена да го разбие и порази Хамас“, пиштува во летоците што се фрлаат од воздух.






На жителите им е упатена и конкретна насока за движење:

„За ваша безбедност, веднаш евакуирајте се преку улицата Ал-Рашид јужно од Вади Газа. Предупредени сте“, наведуваат израелските сили.

Портпаролот на израелската армија, полковник Авичај Адрае, изјави дека илјадници семејства веќе се преселиле во други делови од појасот.

– Според нашите проценки, повеќе од четвртина милион жители на градот Газа го напуштиле градот поради сопствена безбедност – порача Адрае преку социјалната мрежа Х.

Од другата страна, службите на Хамас ја обвинија израелската армија дека со интензивните напади создава хуманитарна катастрофа, бидејќи, како што наведуваат, евакуациите се спроведуваат под постојани воздушни удари.

Поврзани содржини