СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ПРОЅИРНИОТ ФУСТАН НА МАРГО РОБИ За црвениот тепих актерката одбра верзија без градник и речиси гол задник

Марго Роби блескаше на лондонската премиера на „Big Bold Beautiful Journey“ во гламурозен фустан од Армани Прајв, нејзино прво јавно појавување откако стана мајка.

1,992

Марго Роби го украде шоуто во смел проѕирен фустан на лондонската премиера на нејзиниот нов филм „Big Bold Beautiful Journey“ во кој глуми со Колин Фарел. Ова е еден од нејзините први големи настани откако стана мајка минатата есен.

Актерката и продуцентка носела креација од колекцијата висока мода пролет 2025 на Giorgio Armani Privé, оддавајќи му почит на легендарниот дизајнер кој почина претходно овој месец на 91-годишна возраст.






Оваа 35-годишна актерка изгледаше зачудувачки во блескавата проѕирна креација, украсена со кристали и светки. Смелиот долг фустан се издвојуваше и со отворен грб, совршено нагласувајќи ја нејзината фигура. За нејзиното враќање на црвениот тепих, таа избра верзија без градник и речиси гол задник.
Филмот „Big Bold Beautiful Journey“ ја раскажува приказната за Сара (Роби) и Дејвид (Фарел), кои се среќаваат на свадбата на заеднички пријател. Наскоро се наоѓаат вовлечени во натприродна авантура за да ги оживеат клучните моменти од нивното заедничко минато. Во шумата, тие откриваат чудна врата што служи како портал кон нивните спомени, како што се невозвратената љубов на Дејвид и смртта на мајката на Сара.

Првиот трејлер, објавен од „Сони пикчерс“ во јуни, веќе предизвика интерес кај фановите, а некои го нарекоа филмот „филм на годината“. Во него, Дејвид ја изговара репликата: „Без разлика кој си во животот, сè што ти треба е некој со кого ќе го споделиш.“ Заедно со Роби и Фарел, во филмот глумат и Фиби Волер-Бриџ, Хамиш Линклејтер, Лили Рејб, Били Магнусен и Џоди Тарнер-Смит, а во кината излегува на 19 септември.

 

 

Поврзани содржини