КАКО БАРА ФИЛИПЧЕ ПОДДРШКА ПРЕД ВООПШТО ДА ЈА ПРЕЗЕНТИРА ДЕКЛАРАЦИЈАТА? Така не функционира демократијата, вели Мицкоски

Затоа што ако мислат дека ние априори ќе ја прифатиме, тогаш навистина јас сум збунет, бидејќи демократија така едноставно не функционира. Ти претставуваш нешто и другите акламативно го прифаќаат, тоа е во некои други времиња, коишто одамна завршија, изјави премиерот при посетата на болницата „8 септември“.

464

СДСМ мора прво да ја презентира својата најавена Декларација со црвени линии за спорот со Бугарија пред да очекува каква било поддршка, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање по посетата на болницата „8 Септември“.

– Јас со нетрпение ја очекувам Декларацијата, односно резулуцијата за црвените линии и тоа веќе го кажав. Се надевам дека сè уште постои демократски капацитет во СДСМ, откако ќе ја презентираат да сочекаат, да и ние другите политички партии дадеме свое мислење за текстот на истата. Затоа што ако мислат дека ние априори ќе ја прифатиме, тогаш навистина јас сум збунет, бидејќи демократија така едноставно не функционира. Ти претставуваш нешто и другите акламативно го прифаќаат, тоа е во некои други времиња, коишто одамна завршија – изјави Мицкоски.






Премиерот вели и дека се надева дека откако ќе биде презентирана Декларацијата ќе има можност неколку дена детално да навлезе во суштината, целите и намерата на истата и како што рече „и ние како ВМРО – ДПМНЕ да учествуваме во дел од текстот на таа Декларација“.

Поврзани содржини