НЕСРЕЌА НА РАБОТНО МЕСТО ВО ФАБРИКА ВО КАВАДАРЦИ Кран усмртил 38-годишен работник од Кина
„Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во полицискиот билтен.
Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).