🎥📷 ГРОЗОМОРНОТО УБИСТВО ВО ВОЗ ШТО ЈА РАЗБЕСНУВА АМЕРИКА Трамп побара смртна казна, ќе се цртаат мурали за Украинката Ирина
Видеото од убиството извршено на 22 август пред неколку дена го објави Транзитниот систем на областа Шарлот. Стана вирално на социјалните мрежи и го привлече вниманието на влијателните личности, коментаторите, политичарите и на милиони луѓе во светот, кои се гневни поради безумниот чин.
Ирина Заруцка, 23-годишна девојка која избегала од ужасите на војната во Украина за да најде безбедност во Соединетите Американски Држави, беше брутално убиена на 22 август во воз Шарлот, Северна Каролина. Нејзината смрт, снимена на камерите за надзор и споделена низ целиот свет, не е само лична трагедија, туку станува потресен симбол на распадот на системот кој требало да ги заштити најранливите. Грозоморното убиство предизвика жестока национална дебата за криминалот, менталното здравје безбедноста во јавниот превоз. Но, и за човештвото. Украинката, избодена од пореметен убиец кој одамна требало да биде зад решетки или во институција, умираше сама. Никој од останатите патници не стана и не се обиде да ѝ помогне. Сите поминуваа покрај неа, како ништо да не се случи. Но, грозоморното убиство предизвика и една друга жестока дебата во САД – расна дебата. Во крвавата сцена само жртвата Заруцка е бела, останатите – убиецот и сопатниците се црни …
Убиство снимено со камера
Таа вечер, Ирина со воз се враќаше дома од работа во локалната пицерија. Зад неа седеше 34-годишниот Декарлос Браун.

Снимките од безбедносните камери покажуваат застрашувачка сцена. По околу четири минути мирно возење, Браун вади и отвора мал џебен нож, стана без никаква провокација, ја зграпчи Ирина одзади и набрзина и нанесе 3 убоди во вратот. Нападот трае помалку од 4 секунди. Збунета и во шок, Ирина се држи за вратот и устата, а крвта почнува да тече. Убиецот заминува. По неколку секунди несреќната девојка се струполи на седиштето, па на подот.
Никој од присутните не ѝ помогна на ниту еден начин – ниту пред ужасниот напад, ниту по него.
Кој е убиецот?
Декарлос Браун, човекот одговорен за овој бесмислен чин, не е непознат за полицијата и правосудниот систем. Неговата приказна е хроника на насилство, ментални болести и пропуштени можности за интервенција.
Браун има повеќе од 14 апсења за прекршоци, вклучувајќи тешка кражба, провала и вооружен грабеж, за кои отслужил 5-годишна затворска казна. По неговото ослободување од затвор во 2020 година, неговото семејство забележало драстична промена. Му била дијагностицирана шизофренија, но одбивал да ги зема лековите. Станал сè поагресивен и параноичен.
Неговата мајка, Мишел Девит, опишала како нејзиниот син станал насилен, викал и трескал врати. Тој тврдел дека има „материјал“ или „чип“ во неговото тело што го контролирал. Во јануари истата година, само неколку месеци пред убиството, бил уапсен за злоупотреба на бројот за итни случаи 911. Во тоа време, тој им рекол на полицајците дека верува дека некој му вградил „вештачки“ материјал што контролира што јаде, како оди и како зборува. И покрај очигледните знаци на тешка ментална болест и историја на насилство, судијата го ослободи без кауција.

Семејството очајно се обидуваше да добие помош за него. Неговата мајка поднесе барање за негово принудно психијатриско лекување, по што тој помина 14 дена во институција, но набрзо беше пуштен. Болниците одбија да го примат бидејќи не претставуваше непосредна закана за себе. На крајот, исцрпени и исплашени за сопствената безбедност, неговите родители го однесоа во засолниште за бездомници.
Гнев и политичка бура во САД
Убиството на Украинката Ирина Заруцка деновиве предизвикува политичка бура и жестока дебата во Соединетите Американски Држави. Републиканските политичари, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп, го искористија случајот како доказ за неуспехот на политиките за „мек“ криминал во градовите предводени од демократите.
Американскиот претседател Доналд Трамп, објави видеопорака за случајот.
– Го видов ужасното видео од една убава, млада украинска бегалка која дојде во Америка за да избега од бруталната војна во Украина и невино се возеше со метро во Шарлот, Северна Каролина, каде што беше брутално нападната од ментално пореметен лудак. Сторителот беше познат криминалец, кој претходно беше уапсен и ослободен без кауција во јануари. Тој беше уапсен 14 пати. Што по ѓаволите правеше тој возејќи се со воз и шетајќи по улиците? Криминалци како овој треба да бидат затворени – рече Трамп.

Крвта на оваа невина жена буквално може да се види како капе од ножот на убиецот, а сега нејзината крв е на рацете на демократите кои одбиваат да ги затворат лошите луѓе, додаде тој.
„Ѕверот кој толку брутално уби убава млада Украинка, која дојде во Америка барајќи мир и безбедност, треба да добие брзо судење и единствена можна казна – смртна казна. Нема друга опција“, напиша Трамп на социјалната платформа Трут соушл.
Осомничениот, 34-годишниот Декарлос Браун е соочен со обвинение за убиство од прв степен, за што во Северна Каролина е предвидена смртна казна.
И убиениот Чарли Кирк зборуваше за Ирина
Видеото од убиството извршено на 22 август пред неколку дена го објави Транзитниот систем на областа Шарлот. Стана вирално на социјалните мрежи и го привлече вниманието на влијателните личности, коментаторите, политичарите и на милиони луѓе во светот, кои се гневни поради безумниот чин.
Граѓаните коментираат дека ако ситуацијата била обратна, односно, ако жртвата била црна жена, а убиецот бел маж „медиумите ќе врескале“ и дека ќе имало протести, а за овој настан немаше никакво известување. Многумина велат дека овој грозоморен настан направил голема примена во нивната свест. Стотици изјавуваат дека се многу тажни што ја изневериле Ирина. Афроамериканци, пак, исто така, ги критикуваат медиумите што не известуваат за настанот, затоа што со тоа се создава омраза кон црните луѓе, кои, исто така, го осудуваат убиството.
И соработникот на Трамп, активистот Чарли Кирк, врз кој вчера беше извршен атентат, зборуваше за трагичното и ужасно страдање на Ирина. Тој на своите профили на Фејсбук и на Икс објавуви повеќе видеа и свои коментари за убиството на младата украинска бегалка.

Во нејзина чест се најавува дека ќе се сликаат мурали на зградите низ градовите во САД. Милијардерот Илон Маск најави дека ќе донира милион долари за таа намена.
Во онлајн некролог, семејството напиша дека Заруцка избегала од војната во Украина со нејзината мајка и браќа и сестри во 2022 година и „брзо го прифатила својот нов живот во Соединетите Држави“. Во него се вели дека таа била „надарена и страсна уметница“.

„Нејзиното отсуство остава длабока празнина, но нејзиниот дух засекогаш ќе живее во срцата на оние што ја сакале“, се вели во некрологот.
Ирина Заруцка ќе биде погребана во САД.