ПОВЕЌЕ ОД 55.000 ТУРИСТИ ВО ЈУЛИ ДОШЛЕ ОД ТУРЦИЈА Во петте најбројни се и Србите, Полјаците Холанѓаните и Романците

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,2%, односно кај домашните туристи има намалување за 0,1 %, а кај странските има зголемување за 15,1%. 

89
Во јули земјава  ја посетиле вкупно 209.932 кои направиле 770.733 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.Од вкупниот број туристи 121.486 се странски, а меѓу нив најбројни се од Турција (55 129). Втора, но со далеку помал број на дојдени туристи (9.898 ) е Србија. Во првите пет се и Полска со 4.304 дојдени туристи,  Холандија со 3.989 туристи и Романија со 3.914 туристи.Кога се анализираат ноќевањата во јули предност имаат домашните туристи. Тие направиле 533.337 ноќевања, за разлика од странците кои направиле 237.396 ноќевања.

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,2%, односно кај домашните туристи има намалување за 0,1 %, а кај странските има зголемување за 15,1%.

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5% така што кај домашните туристи има намалување за 0,5 %, а кај странските има зголемување за 11,5%.

 

Поврзани содржини