ПРИВАТНА АГЕНЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЌЕ ЈА ЧУВА ДЕПОНИЈАТА ВАРДАРИШТЕ Целта е да се одвратат потпалувачите

Ангелов увери дека во моментов на Вардариште нема никакво горење ниту чадење.

573

Депонијата Вардариште, која со години претставуваше потенцијално жариште за пожари и загадување, од денеска има постојан надзор – на терен е поставена екипа од приватна агенција за обезбедување. Целта е да се спречи влез на лица и можни обиди за намерно потпалување на депонијата, информираше на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов увери дека во моментов на Вардариште нема никакво горење ниту чадење.






– Минатите неколку дена секојдневно испраќавме по едно специјализирано возило – хермелин на ДЗС – кое гасеше со вода на местата каде што имаше само чадење – рече тој.

Според него, депонијата ќе биде целосно обезбедена и ќе се изработи посебен план за спречување непосакуван пристап и нови обиди за палење, бидејќи постојат сомнежи дека и Вардариште и „Дрисла“ биле намерно запалени.

Тој потсети дека на Вардариште се уапсени три лица кои се во притвор, а кои откупувале материјали од оние што палат кабли за да дојдат до металот во нив.

– Со нивното отстранување ќе се обесхрабрат сите што го правеле тоа, затоа што веќе нема да има кој да откупува – додаде Ангелов.

Денеска, на седница на Владата, се очекува да се донесе и формална одлука за забрана за влез на Вардариште, што не можело да се направи вчера бидејќи таму постои дива населба.

Поврзани содржини