📽️📷 КАКО ИЗГЛЕДАШЕ СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ СПОТ НА ТЕЛЕКОМ? „Никој не се раѓа со предрасуди, тие се учат”
Снимањето на видеото се случуваше во градинката 'Пролет', во истоимената населба, а во него учествуваа повеќе мали бебиња (во присуство на нивните родители, се разбира) и нашиот популарен актер и шоумен, Игор Џамбазов, велат од Телеком.
Македонски Телеком објави ексклузивна снимка од снимањето на спото „Никој не се раѓа со предрасуди, тие се учат“ кој деновиве е во етерот.
Компанијата вели дека спотот веднаш го привлекол вниманието на медиумите и на јавноста.
„Видеото ‘Никој не се раѓа со предрасуди, тие се учат’ е продолжување на комуникациската платформа #НаправиМесто, која Телеком ја започна лани, за да поттикне отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за целосно да се поврземе“.

Снимањето на видеото се случуваше во градинката ‘Пролет’, во истоимената населба, а во него учествуваа повеќе мали бебиња (во присуство на нивните родители, се разбира) и нашиот популарен актер и шоумен, Игор Џамбазов.
Бебешките креветчиња кои беа користени во спотот Телеком ги донираше на градинката.
„Идејата на спотот беше наративно, но и визуелно, да го прикаже создавањето на предрасудите и да ни покаже дека само ние ја имаме моќта да ги спречиме поделбите, да ги срушиме бариерите и целосно да се поврземе“, порачуваат од Телеком.


Според компанијата, симболичното оддалечување и потоа зближување на бебешките креветчиња во спотот ја прикажува тенденцијата на предрасудите да нѐ оддалечат едни од други, а подадените раце на Игор Џамбазов кои повторно ги зближуваат едно до друго ја претставуваат нашата желба повторно да се поврземе и заедно да бидеме дел од едно поубаво место за живеење.