НОВА КАМПАЊА, ИСТИТЕ ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА ОД СДСМ Шукова не направи ништо како министер, со кој образ сега се нуди за градоначалник, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Токму во време на СДСМ беа тргнати чуварските служби од Вардариште и од Дрисла со што дополнително се влоши ситуацијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Нова предизборна кампања, СДСМ и Каја Шукова со истите празни ветувања и после 7 години, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух, Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух. Имаа можност и не направија ништо. Каја Шукова, поранешната министерка за животна средина и поранешна секретарка во истото министерство сега и како кандидат за градоначалник на СДСМ за Скопје повторно со истата реторика и ветувања за средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните. Шукова да не ја потценува интелегенцијата на народот, граѓаните знаат дека Шукова е 20 години во Министерството за животна средина и ништо не направи, нула резулатати“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Шукова за 20 години не направи ништо ниту за Вардариште, па како сега има повторно образ пред граѓаните повторно истото да го ветува и да го користи Вардариште како тема во кампања, се додава во соопштението.
„Во пракса СДСМ преку Заев, Филипче и Шукова беше 7 години на власт, а проекти и резултати во животната средина се речиси ништо. Токму во време на СДСМ беа тргнати чуварските служби од Вардариште и од Дрисла со што дополнително се влоши ситуацијата. Граѓаните на Скопје заслужуваат проекти, работа и резултати, а не празни зборови и популизам. ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски нудат вистински решенија, проекти и посветеност за поздрава животна средина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.