БАНКИТЕ ГИ НАМАЛИЈА НАДОМЕСТОЦИТЕ ВО ПРОСЕК ЗА 50% Од октомври сите банки ќе имаат пониски цени на услугите

Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор, велат од Народна банка.

66

Просечно за 50% се намалени надоместоците на банките за граѓаните и за околу 30% за компаниите, информира Народна банка.

Оттаму велат дека сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежни трансакции со платни налози.






– Надоместоците за плаќањата коишто граѓаните ги извршуваат преку интербанкарскиот платен систем (МИПС) се намалени во просек за околу 50%, додека електронските плаќања на граѓаните коишто се извршуваат во рамките на истата банка (т.н. интерни плаќања) стануваат бесплатни во најголемиот дел од банките – велат од Нардна банка (НБ).

Исто така се амалени и надоместоците коишто компаниите им ги плаќаат на банките.

– Електронските плаќања на компаниите во МИПС стануваат поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања за околу 55% – велат од Народна банка.

Оттаму додаваат дека банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, коишто се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето.

„Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а останатите банки планираат да започнат со примена на намалени надоместоци најдоцна до октомври оваа година- велат од НБ.

Овие промени се дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем.

-Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор – велат од Народна банка.

Поврзани содржини