СЕБАСТИЈЕН ЛЕКОРНУ НОВ ПРЕМИЕР НА ФРАНЦИЈА Макрон експресно го назначи петтиот премиер за 2 години

39-годишниот министер за одбрана доби доверба од Макрон да ја води француската влада, по падот на кабинетот на Бајру.

198

Елисејската палата вечерва објави дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорну е именуван за нов премиер на Франција. Лекорну, кој има само 39 години, важи за поранешен десничар и долгогодишен соработник на претседателот Емануел Макрон.

Неговото именување доаѓа откако Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка, по што Макрон веднаш одлучи да го назначи Лекорну на премиерската функција.






Францускиот парламент вчера ѝ изгласа недоверба на владата на Бајру, која траеше само девет месеци. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници се изјаснија против владата, додека само 194 ја поддржаа.

Овој развој ја отвора можноста претседателот Макрон да избере дали ќе распише предвремени избори или ќе назначи нов премиер, што би бил петти во рок од помалку од две години.

Поврзани содржини