МАКЕДОНСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА Ѝ ПОДМЕТНАЛА ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ НА ХРВАТСКАТА? „Јутарњи лист“ повторно пишува за случајот на протерувањето на „кралот на местенките“ Христијан Илиевски

„Јутарњи лист“ пишува дека Илиевски, бугарски државјанин, очекува позитивна одлука на управните судии во повторената постапка, но ако тоа не се случи, спремен е правдата да ја бара во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

1,486

По информациите на македонските медиуми дека Христијан Илиевски, своевремено познат како „крал на местенките“ во италијанската Калчо лига, бил жртва на лаги и измислици во извештаите на македонската Агенција за национална безбедност (АНБ), хрватски „Јутарњи лист“ повторно се огласи за овој интересен случај.

Како што пишуваше Плусинфо, Хрватска го протерала Илиевски на 4 април 2024 година, откако тамошната Сигурносно обавештајна агенција спратила информација до полицијата во Риека, со ознака „доверливо“, во која се тврди дека Илиевски претставува закана за националната безбедност. Подоцна, Уставниот суд ја укинал одлуката на управните судови, поради повреда на правото на правично судење.






ВИЛИЈАМ СЕКЛ И ЈОВЧЕ РЕМЕНСКИ ГО НАМЕСТИЛЕ И „КРАЛОТ НА МЕСТЕНКИТЕ“ Христијан Илиевски протеран од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Христијан Илиевски за Плусинфо откри дека службениците на СОА својата одлука да го прогласат за опасен по националната безбедност на Хрватска ја донеле водени од информации од нивни колеги од Македонија, од АНБ. Тие службеници му се одмаздувале, затоа што претходно се обиделе од него да изрекетираат 75.000 евра, а тој случајот го пријавил и потоа соработник на тајната полиција бил фатен со 5.000 обележани евра и осуден на затворска казна.

„Јутарњи лист“ пишува дека Илиевски, инаку бугарски државјанин, очекува позитивна одлука на управните судии во повторената постапка, но ако тоа не се случи, спремен е правдата да ја бара во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Поврзани содржини