НАД 120.000 ЛУЃЕ НА 111 ПРОТЕСТИ НИЗ СРБИЈА Собирите поминаа без инциденти

На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле запрени од група луѓе... Таму можело да се случат инциденти, јас лично разговарав (со организаторот на собирот) и ги замолив да ја променат рутата. Разговарав и со претседателот Александар Вучиќ, вели шефот на српската полиција и им заблагодари на организаторите кои го прифатиле предлогот ја сменат рутата.

364

Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, денеска имало вкупно 126.399 луѓе.

Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето.






– На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле запрени од група луѓе… Таму можело да се случат инциденти, јас лично разговарав (со организаторот на собирот) и ги замолив да ја променат рутата. Разговарав и со претседателот Александар Вучиќ. Морам да напоменам дека на регистрираниот собир биле над 4.200 луѓе, додека на ненајавениот собир имало околу 400, значи десетпати помалку. Организаторите го прифатија мојот предлог за промена на рутата, поради што им се заблагодарувам за разбирањето – рече директорот на полицијата.

Поврзани содржини