АЛБАНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА, КОСОВО И ОД АЛБАНИЈА СЕ НАЈГОЛЕМИ ЗАГАДУВАЧИ НА ПЛАЖИТЕ Рама распали по некултурата на туристите „што говорат албански јазик“

Албанци кои се собираат за да уживаат во убавините и во своите одмори, застануваат на панорамски туристички места, прават селфи „ох, колку си убава, моја Албанија“ во исто време го истоваруваат ѓубрето од своите автомобили каде ќе стигнат, рече Рама.

820

Најголеми загадувачи се локалните, косовските и македонските туристи, кои зборуваат албански јазик, а кои се претставуваат како најголеми патриоти, рече денеска премиерот на Албанија, Еди Рама, зборувајќи за чистите плажи.

– Туристи кои не зборуваат англиски, шпански, француски, италијански, туку албански, од Албанија, од Косово, од Северна Македонија, се најголемите загадувачи на плажите и на туристичките места. Албанци кои се собираат за да уживаат во убавините и во своите одмори, застануваат на панорамски туристички места, прават селфи „ох, колку си убава, моја Албанија“ во исто време го истоваруваат ѓубрето од своите автомобили каде ќе стигнат – рече меѓу другото Рама.






Тој додаде дека тоа се оние „кои сакаат да одат во војна“ со Србија или со други на спортските натпревари на стадионите.

– Убеден сум дека најголемите загадувачи се оние кои ги кршат столчињата на стадионот и кои имаат цел да ги претворат спортските натпревари во војни, кога се со Србија или со некој друг, со кого се подготвени да се борат на стадионот. Но, тие се загадувачите на Албанија, кога станува збор за престој на плажа – посочи Рама.

На средбата одржана во Министерството за туризам, Рама како друг елемент на кој мора да се обрне внимание ја посочи бучавата. Најави забрана на музиката во баровите на плажите и намалување на нивниот број.

Поврзани содржини