СОФИЈА БАРА, БРИСЕЛ БАРА, МОРА НЕШТО ДА ДАДЕМЕ Венко Филипче ги навести своите „црвени линии“

„Тоа што од нас го бара Европската Унија, не го бара само Бугарија, тој документ на Европската Унија на Брисел, практично е нешто што е резултат на бројни преговори на еден долготраен процес“, објаснува лидерот на СДСМ.

1,608

„Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог, но тоа е барање кое сега доаѓа од Европската Унија, а за нас, најлошо ќе биде ако не направиме ништо“, изјавил претседателот на СДСМ, Венко Филипче најавувајќи дека до петок ќе ја официјализира резолуцијата со црвените линии.

– Тоа што од нас го бара Европската Унија, не го бара само Бугарија, тој документ на Европската Унија на Брисел, практично е нешто што е резултат на бројни преговори на еден долготраен процес. Јас ја разбирам грижата на граѓаните, а тоа меѓу другото тие на некој начин и го изразија за време на минатогодишните избори, кога во тој контекст така гласаа, кога станува збор за СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ и сметам дека таа грижа на граѓаните не треба да ја ставиме по страна. Исто така сметам дека во ниту еден документ не се загрозени ниту националните интереси, ниту е направено некакво предавство – изјави Филипче.






Тој смета дека мора сите политички чинители да седнат заедно на маса и да одредат „што е тоа што јасно и гласно, еве во еден документ, можеби цитирано од повеќе претходни документи, договори, потпишани резолуции и така натаму, треба да го формализираме, за да знаеме како ќе продолжиме напред и да ги информираме граѓаните за тоа“.

Премиерот Христијан Мицкоски првично го оцени предлогот на Филипче како „итроштина“, потсетувајќи на претходни декларации на СДСМ, кои, според него, не биле почитувани. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на Бледскиот стратешки форум во Словенија ја соопшти стратешката позиција на Македонија – проширувањето на ЕУ мора да се базира на јасни критериуми и заслуги, а не да биде заложник на билатерални спорови и идентитетски прашања.

Поврзани содржини