ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИМА ДЕТАЛИТЕ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО Каква била улогата на обвинителот Коцевски во скандалот?
Петрушевски бара Обвинителството итно да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески, Еролд Муслиу и од нивните политички наредбодавци во врвот на СДСМ.
Дали Љупчо Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките со кои е прислушкуван премиерот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени? И дали затоа СДС не гласаа за негово разрешување?, праша денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДС, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за разузнавање, го прислушкувале претседателот Христијан Мицкоски, новинари, и бизнисмени. Службите за безбедност и разузнавање во периодот од 2019 до 2024 година, наместо за државата, работеле за СДС, а со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, замолчување на новинарите и уцена на бизнисмените. Ова е скандал кој е од невидени размери. И тоа токму од партијата која на власт дојде со проектот „Вистината за Македонија“. Седум години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна – рече Петрушевски.
Според сознанијата на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Мицкоски бил следен неосновано и со цел за политичка елиминација.
– АНБ на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и АР на Еролд Муслиу го следеле претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење, неговата комуникација и неговото делување. Следењето на политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси е крајно тоталитаристички чин и метод, кој не е виден никаде во развиените западни демократии, особено не во последните 100 години. Тоа што Уставот го гарантира, а тоа е слободата на движење, слободата на говор и политичко организирање му било загорзено на претседателот Христијан Мицкоски од страна на СДС – рече тој и додаде дека нивните сознанија во многу подетална форма поткрепена со факти ги има и Јавното обвинителство.
Тој побара одговори на следниве прашања:
– Кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките од 2019 до 2024 година? Дали тоа е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Кому и зошто му служеле прислушуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?
Петрушевски бара Обвинителството итно да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески, Еролд Муслиу и од нивните политички наредбодавци во врвот на СДСМ.