ДИМОВСКИ СИ ЈА БРКА МУВАТА ОД КАПАТА Ексдиректорот на АНБ сам се пронајде во прозивките, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Виктор Димовски заедно со Еролд Муслиу се истиот канцер на безбедносните служби во државата. И одговорност мора да има, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

511

Интересно е што Виктор Димовски, иако никој не го прозва, сам се пронајде во прозивките за прислушување и следење на медиумите, новинарите и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека сам си ја брка мувата од капата. Е кога сме кај тоа, исто интересно е што самиот призна дека имало следење па и имало тајни соработници како што самиот посочува. Разликата е тоа што Виктор Димовски тврди дека имало оправдани причини за следење, а ние велиме дека причините се измислувале и злоупотребувале механизмите за тоа. Но и во едниот или другиот случај факт е дека имало следење. Инаку Виктор Димовски заедно со Еролд Муслиу се истиот канцер на безбедносните служби во државата. И одговорност мора да има“, наведено е во партиското соопштение.






„НЕ КРИЈТЕ СЕ ЗАД ДРЖАВНА ТАЈНА, ОБЈАВЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ“ Во мојот мандат Мицкоски не бил прислушуван, тврди ексдиректорот на АНБ Виктор Димовски

Поврзани содржини