ДАЛИ КОЦЕВСКИ БИЛ ОДГОВОРЕН ЗА ИЗДАВАЊЕ ПИ МЕРКИ ОД 2019 ДО 2024 ГОДИНА? Томовски вели дека СДСМ и ДУИ прислушувале новинари и бизнисмени

Главните прашања кои мора да бидат одговорени се: кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките од 2019. до 2024. година? Дали е впрочем за тоа одговорен сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува појасно зошто СДСМ и ДУИ не гласаа за негово разрешување, вели поранешниот директор на СОЗР и член на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски.

979

Ако сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски бил одговорен за издавањето ПИ мерки од 2019 до 2024 година тогаш станува јасно кој е одговорен за скандалот со прислушувањето новинари, медиуми и бизнисмени во АНБ, тврди поранешниот директор на СОЗР и актуелен член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски.

Во соопштение во јавноста Томовски вели дека бил прислушуван и премиерот Христијан Мицкоски. Критикувајќи ја претходната власт на СДСМ и ДУИ Томовски потсетува дека „тие на власт дојдоа со проект  ‘Вистината за Македонија“, но дека, како што вели, 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна.






„Тогашната власт ја следела опозицијата. Сигурен сум дека тоа сега ќе го правдаат со разно разни белешки, инструирани и фабрикувани случаи за надворешно влијание, измислени и наместени причини. Така работела власта која наместо да штити државни интереси, преку злоупотреба на државните механизми штитела лични интереси.

Главните прашања кои мора да бидат одговорени се: кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките од 2019. до 2024. година? Дали е впрочем за тоа одговорен сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува појасно зошто СДСМ и ДУИ не гласаа за негово разрешување.

Уште поважно е што и денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС.

Но и треба да се одговори на прашањето кому и зошто служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени? Времето ќе покаже, и ќе ги даде одговорите. Одговорност мора да има“, се огласи Томовски во партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини