ТАРАВАРИ ЈА НАПУШТИЛ ВЛАДАТА ПОРАДИ ИНВЕСТИЦИЈАТА „ЃОКА“? Тоа што ветил и прифатил е негов проблем, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Вистината е многу едноставна и болна. Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски преземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си гo решат, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на обвинувањата на крилото на Таравари на Алијанса за Албанците.

4,560

Поранешниот министер за здравство и лидер на крило во Алијанса за Албанците Арбен Таравари ја напушти владата поради обврски кои ги прифатил за инвестицијата „Ѓока“ и треба сам да си ги реши проблемите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на претходно соопштение на АА во кое АА изјави дека партијата излегла од, како што велат, „антиалбанската и антиевропска влада“ на Мицкоски.

„Вистината е многу едноставна и болна. Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика ЃокаКакви обврски преземал и какви услови прифатилТоа не е наш проблемОставаме сами да си гo решат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Партијата реагира и ги нарекува лажни обвинувањата од АА дека, наводно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во затворен круг изјавил дека „никогаш нема да се случи членството на Северна Македонија во Европската унија“.

„Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходно, крилото на Арбен Таравари на Алијансата за Албанците денеска соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски биле шампиони на клеветата. Во соопштението се обвинува и дека „антиалбанските и антиевропските ставови на Мицкоски повеќе не се јавна тајна“.






„Тој често ја предава својата свест повторувајќи јавно тоа што го зборува во партиските канцеларии. Неговата последна изјава дека ‘уставните измени нема да се случат ниту пред, ниту по локалните избори’ е јасен доказ за саботажа на европскиот пат’“, обвини АА порачувајќи му на Мицкоски, како што велат, да ги прекине врските со Москва, Будимпешта и Белград и да престане да биде промотор на „српскиот свет“.

 

Поврзани содржини