ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ФРАНЦУЗИТЕ САКААТ РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ И НОВИ ИЗБОРИ Макрон пред тешка одлука

Францускиот премиер, Франсоа Бајру, се соочува со сериозна закана за опстанокот на својата малцинска влада, бидејќи трите главни опозициски партии објавија дека на 8 септември нема да му дадат поддршка на гласањето за доверба

281

Околу 63% од Французите сакаат распуштање на парламентот и одржување нови избори, покажаа резултатите од денеска објавената анкета на Ифоп (Ifop) за француската телевизија ЛЦИ, додека премиерот Франсоа Бајру се бори да ја одржи својата малцинска влада.

Британските медиуми појаснуваат дека анкетата на Ифоп беше спроведена онлајн, вчера, на примерок од 1.000 испитаници.






Малцинската влада на Бајру е на чекор до соборување, откако трите најголеми опозициски партии најавија дека на 8 септември нема да ја поддржат на гласањето за доверба, закажано поради неговите планови за драстични кратења на буџетот.

Најавата на премиерот веднаш се одрази врз финансиските пазари – француските акции и обврзници оваа недела се под силен притисок поради политичката неизвесност.

Одлуката за распуштање на парламентот мора да ја донесе претседателот Емануел Макрон, а според анкетата на Ифоп, 51% од испитаниците веруваат дека Макрон нема да го стори тоа.

Доколку Бајру го загуби гласањето за доверба, претседателот Макрон може да назначи нова влада наместо распуштање на парламентот.

Поврзани содржини