ЦЕНАТА НА НАФТАТА „БРЕНТ“ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ПАДНЕ НА 50 ДОЛАРИ Голдман Сакс очекува годинава таа да се движи околу 70 долари за барел
Денеска фјучерсите за сурова нафта „брент“ се тргуваа околу 67 долари за барел на азиската берза, додека фјучерсите за сурова нафта „Вест Тексас Интермедијар“ се тргуваа за 63 долари.
Американската инвестициска банка Голдман Сакс очекува фјучерсите за суровата нафта „брент“ да паднат на 50 долари барел до крајот на 2026 година, поради растечкиот вишок на нафта. За годинава се пердвидува цената да расте поради зголемената побарувачна на Кина.
„Очекуваме вишокот залихи на нафта да се зголемат на просек од 1,8 милиони барели дневно во четвртиот квартал од 2025 година, што ќе резултира со зголемување на глобалните залихи од речиси 800 милиони барели до крајот на 2026 година. Складирањето на нафта во земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ќе сочинува една третина од вкупните глобални залихи, или 270 милиони барели, во 2026 година“ соопшти Банката.
Голдман Сакс предвидува до крајот на годинава цените на нафтата Брент да останат близу до 70 долари за барел, но ќе паднат следната година, а на тоа ќе влијае трендот на забрзано складирање на нафта во змејите од ОЕЦД.
Сепак, се вели дека потенцијалното забрзување на растот на залихите на Кина на 0,8 милиони барели дневно годинава би ги зголемило просечните цени на нафтата „брент“ за 2026 година за 6 долари за барел од основната линија на банката од 62 долари.
Денеска фјучерсите за сурова нафта „брент“ се тргуваа околу 67 долари за барел на азиската берза, додека фјучерсите за сурова нафта „Вест Тексас Интермедијар“ се тргуваа за 63 долари.