ВРЕДИ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ПРОТИВ БУЈАР ОСМАНИ Обвинителството да истражи како потрошил 2 милиони евра за самитот на ОБСЕ без документација

Ова не прв пат. И како министер за здравство Бујар Османи доби негативен извештај, а институциите го амнестираа. Денес нема да дозволиме да го гледаме истото сценарио во кое судството и обвинителството молчат, граѓаните заслужуваат отчетност и правда, рече Гранит Османи од Вреди пред Јавното обвинителство.

1,509

 

Коалицијата Вреди денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе пријава против Бујар Османи од ДУИ, откако ревизорите утврдиле дека потрошил над 120 милиони денари за  Самитот на ОБСЕ без документација и без евиденција додека бил министер за надворешни работи.






– Вреди денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се постапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари (2 милиони евра) се потрошени за ОБСЕ Самитот без документација и без евиденција. Тоа отвора сериозни сомнежи за злоупотреби на јавните пари. Нема докази каде се потрошени парите – рече Османи од Вреди.

Јавното обвинителство мора да истражи, категориен е тој.

– Ова не прв пат. И како министер за здравство Бујар Османи доби негативен извештај, а институциите го амнестираа. Денес нема да дозволиме да го гледаме истото сценарио во кое судството и обвинителството молчат. Граѓаните заслужуваат отчетност и правда. Вреди нема да молчи – истакна Гранит Османи на прес-конференција пред Јавното обвинителство.

Тој потенцира дека очекуваат Јавното обвинителство да отвори случај и да покаже дека за сите важат истите правила и дека сите граѓани се еднакви.

На истата тема денеска зборуваше и вицепремиерот Изет Меџити, кој побара Обвинителството да покрене случај во врска со наводите од ревизорскиот извештај.

– Тоа е така предвидено и службено. Значи, кога ќе констатира Државниот заводот за ревизија, Обвинителството треба да покрене таков случај, но, како и да е, и ние тоа ќе го поттикнеме. Но, ништо ново за Османи. Само тој знае да објасни како може милион евра за еден ден да се потрошат за рентакар во една мала Македонија. Деновиве слушаме дека неговиот шеф на кабинет, поранешен вработен во Министерството за надворешни работи, Мемеџаку, иако е опозиција, злоупотребува службени мејлови за кампањава, а може да замислите кога тие се власт – истакна Меџити во изјавата дадена по одбележувањето на 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Поврзани содржини