ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е МОСТ МЕЃУ СТУДИИТЕ И КОМПАНИИТЕ Дебата на факултетот Хајделберг за шансите и за искуствата на студентите
На дебатата присуствуваа повеќе претставници од реномирани компании во земјава кои имаат соработка со Хајделберг и каде што студентите од оваа високообразовна институција имаат можност да одат на пракса, додека студираат.
Студентите да имаат шанса да добијат образование, а во исто време да бидат дел од компании, да добиваат плата и да станат експерти на одредено поле е уникатна можност, рече на денешната форумска дебата проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори на факултетот Хајделберг во Скопје.
На форумската дебата за дуално образование – конекцијата помеѓу компаниите и студентите, „Прашај го Цајтел“, тој се сретна со идните студенти на Хајделберг Факултет во Скопје, со нивните родители и со сите заинтересирани за дуалниот модел на образование и за германскиот образовен систем. На дебатата присуствуваа повеќе претставници од реномирани компании во земјава кои имаат соработка со Хајделберг и каде што студентите од оваа високообразовна институција имаат можност да одат на пракса, додека студираат.
– Ова е навистина уникатно, можноста за 3 години да се едуцираш и притоа да имаш искуство во компанија. Друга можност е што ќе бидете дел од интернационален пазар, бидејќи дел од професорите доаѓаат од Германија. Со тоа се создава врска меѓу студентот и Германија како една од најголемите светски економии, а со тоа и можност студентите во иднина да работат таму. Ако не си едуциран, помали ти се шансите да успееш на пазарот на труд, толку е едноставно – рече Цајтел, додавајќи дека младите мора да знаат дека образованието е клучот.
На дебатата „Продуктивност и практично знаење – потреба за компаниите“, дискутираа м-р Елизабета Саздовска, помошник директор на човечки ресурси во НЛБ Банка АД Скопје, Билјана Терпини, директор за односи со јавноста и медиумите од Елемент ПР, м-р Костандина Пареска Медарски, раководител на финансии во Валтек во Северна Македонија и Бугарија, м-р Дејан Чуповски, проектен менаџер за дуално стручно образование, МГСЗ, м-р Бобан Попевски, консултант за финансиски услуги, MDN Freight Inc..
Сите тие ги споделија своите искуства од секторот од кој доаѓаат, со посебен акцент на тоа како се балансира креативноста со ефикасноста при мерење на продуктивноста во компаниите во кои работат.
Факултетот Хајделберг од Скопје е единствената образовна институција која што овозможува дуален пристап во високото образование, преку комбинација на студии во Македонија и еден семестар во Германија, со дополнителна пракса во петнаесетина македонски компании. Комбинираниот модел овозможува студентите да се стекнат со двојна диплома од високообразовните институции во двете држави, со што се обезбедува врвно образование според меѓународни стандарди.
Конкурсот за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), за учебната година 2025/26 година е во тек. На студиската програма Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг има место за 30 студенти, исто колку и на студиската програма Податоци и компјутерски науки.