КОЈ ПРВ КАЖАЛ „ТЕ САКАМ“? Меган Маркл отворено зборува за својата рана врска со принцот Хари

Во втората сезона на шоуто „With Love“ на Нетфликс, Меган Маркл отворено зборувала за раните денови од врската со принцот Хари и за тоа како се запознале 

213

Меган Маркл отворено зборувала за своите рани денови со принцот Хари во појавувањето во втората сезона од својата серија на Нетфликс „With Love“ и открила кој прв рекол „Те сакам“.

Во новата серија на војвотката од Сасекс ѝ се придружиле познатите пријатели, меѓу кои Криси Тајген, Даниел Мартин и Хозе Андрес.






По критикуваната прва сезона од нејзината серија, Меган се вратила повторно за да ги сподели своите совети и трикови за животен стил и готвење, снимени во изнајмена куќа во близина на нејзината вила во Калифорнија, од приватни причини, објавува Дејли Меил.

За време на новите епизоди, Меган, исто така, дала увид во нејзиниот семеен живот со децата Арчи и Лилибет во Монтесито и нејзината врска со принцот Хари. Потсетувајќи се на нивната љубовна приказна, Меган открила дека Хари бил првиот што ги изговорил двата посебни збора – „Те сакам“ – кратко откако почнале да се забавуваат во 2016 година.

Во третата епизода, на Меган ѝ се придружил водителот на „Queer Eye“, Тан Франс, за да прават пити од јаболка. Тој ја прашал и дали имало некој специфичен момент кога таа знаела дека го сака.

– На нашиот трет состанок. Се запознавме во Боцвана и кампувавме заедно пет дена. Навистина се запознавате кога сте заедно во мал шатор и се прашувате – што е тоа надвор од шаторот? – открила Меган.

Поврзани содржини