ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ПРИМА БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН Околу 2.000 луѓе чекаат во Пакистан, а земјата ќе ги протера сите бегалци до 1 септемри

Германската Влада планира дискретно да ги премести авганистанските бегалци со редовни комерцијални летови со застанувања во Дубаи или во Истанбул пред да пристигнат во Германија. Точниот број на лицата на кои им е одобрено заминување сè уште не е познат, објави весникот Велт.

47

Германија наскоро ќе ја укине повеќемесечната суспензија на приемот на ранливи авганистански граѓани, објави весникот „Велт“ повикувајќи се на неименувани владини извори.

Околу 2.000 Авганистанци, на кои им беше одобрено преселување во Германија во рамките на програмата за луѓе во ризик под власта на талибанците, со месеци чекаат во Пакистан откако Берлин ја замрзна програмата, како дел од ветувањето за запирање на миграцискиот бран.






Групите за човекови права и десетици погодени Авганистанци судски ја оспорија суспензијата, а некои добија судски пресуди што дополнително го зголеми притисокот врз Берлин да дејствува.

Во меѓувреме, Пакистан најави дека до 1 септември ќе ги протера авганистанските бегалци, вклучително и оние кои се дел од германската програма за преселување.

„Велт“ наведува дека авганистанските бегалци се информирани дека програмата за луѓе во ризик ќе продолжи.

„Германската Влада планира дискретно да ги премести авганистанските бегалци со редовни комерцијални летови со застанувања во Дубаи или во Истанбул пред да пристигнат во Германија. Точниот број на лицата на кои им е одобрено заминување сè уште не е познат“, објави весникот.

Германското Министерство за надворешни работи потврди дека продолжуваат процедурите за проверка и оти е испратен персонал во Пакистан, за да продолжи со обработката на случаите.

Поврзани содржини