📽 ВИЕТНАМ ГИ ЗАТВОРИ УЧИЛИШТАТА И АЕРОДРОМИТЕ, ЕВАКУИРАНИ ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ Моќниот тајфун Каџики ја погоди земјата

Над 300.000 војници од виетнамската морнарица, крајбрежната стража и од воздухопловните сили се ставени во готовност за спасувачки мисии поради заканата од високи бранови, поплави и од уништување на земјоделските култури и добиток.

284

Тајфунот Каџики денеска го погоди северно-централниот брег на Виетнам поради што се евакуирани околу 30.000 луѓе.

Каџики утрово го погоди брегот на провинциите Нге Ан и Ха Тин, соборувајќи дрвја, поплавувајќи ги домовите и патиштата и уништувајќи ги рибарските фарми. Во Ха Тин во прекин е напојувањето со електрична енергија.






Поради невремето, затворени се аеродромите во провинциите Тан Хоа и Кванг Бин.

Ветерот достигна брзина од 118 до 133 километри на час, што предизвика високи бранови до две метра.

Затворени училишта, аеродроми и евакуирани илјадници луѓе

Виетнам затвори училишта, аеродроми и евакуира илјадници луѓе додека се подготвува за моќниот тајфун Каџики, кој во понеделникот требаше да удри врз североистокот на земјата со разорни ветрови и бранови, објави Си-Ен-Ен.

Тајфунот претходно уриваше дрвја и го поплави јужниот кинески остров Хајнан во неделата, а потоа премина преку Тонкинскиот Залив со ветрови од 166 км/час, според виетнамската национална метеоролошка агенција – еквивалент на ураган од категорија 2.

До понеделник наутро беа евакуирани повеќе од 40.000 лица од ниските крајбрежни области, јави државниот портал ВН Експрес. Жителите добија наредба да не ги напуштаат домовите меѓу 11 часот и 18 часот по локално време, соопшти виетнамската државна агенција ВНА.

Каџики е петтиот тајфун што ја погоди Виетнам годинава, но најмоќен, задржувајќи ја својата сила додека се движеше кон брегот.

Премиерот Фам Мин Чин предупреди дека бурата може да донесе силни дождови, поплави и свлечишта, особено во низинските крајбрежни области.

„Ова е исклучително опасна бура што се движи брзо“, соопшти владата во неделата навечер.

Каџики е спореден со Јаги

Официјални лица го споредија тајфунот со Јаги, најсилната бура што ја погоди регионот минатата година, кога загинаа околу 300 луѓе. Иако Каџики е послаб, се очекува да донесе разорни ветрови и поплави.

Во градот Вин, жителите се засолнија во спортската сала на провинцијата Нге Ан, а бизнисите ги заштитуваа своите простории со штици и со вреќи со песок.

Во понеделникот, авијациските власти затворија два регионални аеродроми, а авиокомпаниите откажаа или одложија десетици летови. Училиштата во Тхан Хоа беа затворени два дена.

Активирани планови за евакуација на 587.000 луѓе

Властите активираа планови за евакуација на околу 587.000 луѓе во централните провинции, забранија излегување на рибарски бродови и ја засилија заштитата на брани и насипи.

Мобилизирани се повеќе од 300.000 војници со морнарицата, крајбрежната стража и во воздухопловните сили подготвени за спасувачки операции. Се очекуваат бранови до 1,5 метри и ниво на морето над 3,5 метри, со висок ризик за поплави и за уништување на земјоделските култури и добиток.

Поврзани содржини