РАДАРОТ И АЛКОТЕСТОТ ОТКРИЈА СÈ Пет возачи исклучени од сообраќај, возеле пијани и со огромна брзина

Пет возачи лишени од слобода за безобѕирно возење, возеле со двојно поголема брзина и под дејство на алкохол.

719

Во изминатото деноноќие полицијата приведе пет возачи во Скопје, Тетово, Дебар, Велес и Битола поради безобѕирно управување со моторно возило, потврдија од МВР.

Првиот случај бил регистриран на автопатот Скопје–Тетово, кај местото викано „Студена вода“, каде 31-годишниот А.Ј. од село Долна Лешница управувал „ауди“ со 184 километри на час на делница каде што ограничувањето е 80 километри на час.






Неколку часа подоцна, кај Добарски надпатник, 25-годишниот Б.А. од Студеничани возел „бмв“ со 192 километри на час, иако максимално дозволената брзина таму е 100.

Во Маврово и Ростуше, пак, полициските службеници сопреле 48-годишен скопјанец В.Д., кој управувал „шкода“ со 2,90 промили алкохол во крвта. Сличен случај бил регистриран и во Велес, каде 27-годишниот Д.В. бил фатен зад воланот со 2,28 промили алкохол.

На патот Битола–Меџитлија, во село Кравари, 22-годишниот С.С. управувал „фолксваген поло“ со брзина од 107 километри на час во населено место, каде што дозволеното ограничување е 50 километри.

„Сите возачи веднаш беа исклучени од сообраќај и лишени од слобода. За случаите се известени надлежните обвинители, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со моторно возило’“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини