📽 ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА УБИ НОВИНАРИ НА РОЈТЕРС, АЛ ЏАЗИРА И НА АСОУШИЕЈТЕД ПРЕС Бизарни снимки од нападот врз болница во Газа

Во израелскиот напад загинала 33-годишната Мариам Дага, хонорарна соработничка на Асоушиејтед прес од почетокот на војната во Газа, која известувала за лекарите во болницата „Насер“. Од Ројтерс потврдија дека нивниот хонорарен снимател Хусам ал-Масри исто така бил убиен, додека, пак, фотографот Хатем Халед, исто така хонорарец на агенцијата, бил ранет.

982

Четворица новинари се меѓу најмалку 8 лица убиени во понеделникот при напад врз болница во јужна Газа, меѓу нив и хонорарна новинарка која работела за Асоушиетед прес (AП), објави Асоушиејтед прес.

Маријам Дага, 33-годишна новинарка, хонорарно соработувала со АП од почетокот на војната во Газа, како и со други медиуми.






Таа известувала за лекарите во болницата „Насер“ кои се мачеле да спасат деца без претходни здравствени проблеми, а кои умирале од глад.

Ал Џазира и Ројтерс потврдика дека се убиени нивни новинари

„Ал Џазира“ потврди дека нејзиниот новинар Мохамед Салам бил меѓу убиените во нападот врз болницата „Насер“.

Од Ројтерс објавија дека нивниот хонорарeн снимател Хусам ал-Масри, исто така, бил убиен во нападот. Фотографот Хатем Халед, кој исто така бил хонорарец на Ројтерс, бил ранет, соопшти агенцијата.

Вкупно 192 новинари се убиени во конфликтот

Војната во Газа е една од најкрвавите за медиумските работници: вкупно 192 новинари се убиени во Газа во 22-месечниот конфликт, според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ).

За споредба, досега во војната меѓу Русија и Украина се убиени 18 новинари, наведува CPJ.

Канцеларијата на израелскиот премиер и на израелската војска одбија да коментираат за инцидентот.

Поврзани содржини