АВИОН СО РУСКИ ТУРИСТИ ПРИНУДНО СЛЕТАЛ ВО ЕСТОНИЈА На патниците не им било дозволено да го напуштат леталото

Украинските дронови во текот на ноќта помеѓу саботата и неделата погодија гасен терминал во Ленинградската област и рафинеријата за нафта во Самарската област.

646

Патнички авион со руски туристи вчера принудно слета на аеродромот во главниот град на Естонија, Талин, но на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот.

– Авионот беше пренасочен на аеродромот во Талин, бидејќи не можеше да слета во Пулково, кој беше привремено затворен – изјави шефицата за комуникации и маркетинг на аеродромот во Талин, Маргот Холц.






Авионот на египетската авиокомпанија „АлМасриа јуниверзал ерлајнс“ (AlMasria Universal Airlines) полетал од египетското одморалиште Шарм ел Шејк кон Санкт Петербург, но бил пренасочен кон Талин поради украинскиот напад со дронови врз Русија.

Украинските дронови во текот на ноќта помеѓу саботата и неделата погодија гасен терминал во Ленинградската област и рафинеријата за нафта во Самарската област.

Поради украинските напади со беспилотни летови често е нарушен цивилниот авиосообраќај во Русија. Тоа е дел од стратегијата на Киев да ја ослабе руската логистика зад линијата на фронтот. Русија, поради нападите во првите месеци од годинава, повеќе од 200 пати привремено ги затворила аеродромите.

Поврзани содржини