📽 РАМА ОБЈАВИ НОВО ВИДЕО ОД РУШЕЊЕ ДИВОГРАДБИ СО ПОРАКА „ПРОДОЛЖУВАМЕ“ Масовна акција за ослободување јавни простори во Драч

Државата ја претстави и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријават узурпација на јавен простор, со што институциите ќе имаат побрз пристап до информации и ќе реагираат поефикасно.

3,400

Албанскиот премиер Еди Рама објави ново видео од уривање дивоградби во Драч, како дел од неговата кампања „Урбана ренесанса 2.0“.

Според властите, акцијата има за цел ослободување на узурпираните јавни површини низ целата држава и е дел од подготовките за влез во Европската Унија до 2030 година.






Кампањата опфаќа отстранување времени објекти и огради поставени на тротоари и на јавни простори, а општините се задолжени да ги урнат сите градби на оние што не ги почитуваат официјалните одлуки.

Паралелно, државата ја претстави и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријават узурпација на јавен простор, со што институциите ќе имаат побрз пристап до информации и ќе реагираат поефикасно.

– Ова е чекор кон создавање европски стандарди во нашите градови – изјави Рама.

Поврзани содржини