СЕ РАБОТИ НА ЦЕЛОСНО АВТОПАТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА СКОПЈЕ-БИТОЛА Штип ќе го добие првото вештачко туристичко езеро

Министерот за транспорт, Александар Николоски, изјави дека до 2028-2029 година ќе биде завршено целосното автопатско или експресно поврзување на Скопје со Битола и со Грција, со што патувањето ќе трае час и половина и ќе се подобри бизнис-климата во регионот.

2,535

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт, Александар Николоски.

Николоски истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, кое би било готово во периодот 2028-2029 година со што позитивно ќе влијае на бизнис климата во Битола.






– Во моментов работиме заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта еден огромен проект, целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје и секако со Грција. Тоа ќе значи дека некаде 2028-2029 година ќе има целокупно или автопатско решение или експресен пат од Скопје до Битола на еден супер модерен, брз но во исто време и безбеден начин, ќе се патува за едни пријатни час и 30 минути, што целосно ќе ја смени и бизнис климата во Битола но и начинот на функционирање што тоа ќе значи и за целиот регион – рече Николоски.

Николоски рече и дека во Штип се работи на урбанизација во делот на бања Кежовица како и на изградба на вештачко езеро со цел подобрување на туризмот во Штип.

Во однос на Штип, многу работиме во делот на туризмот 2 големи проекти, заедно со градоначалникот работиме на урбанизација во делот на бањата Кежовица, на сето она што може да е таму како потенцијал и секако на изградбата на првото вештачко туристичко езеро коешто се работи над Штип, коешто исто така го работиме – објасни Николоски.

Поврзани содржини