„ТРЕБА ДА СМЕ СИГУРНИ ДЕКА РУСИЈА НЕМА ПОВТОРНО ДА НАПАДНЕ“ Алијансата НАТО работи на солидни гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володомир Зеленски истакна дека Русија прави сè за да спречи средба помеѓу лидерите на Украина, САД и на Русија.

214

Сојузниците од НАТО и Украина заедно работат на безбедносните гаранции за Киев, за да бидат сигурни дека Русија нема повторно да нападне, истакна денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

– Солидни безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и во моментот работиме на тоа – посочи Руте.






Зеленски истакна дека Русија прави сè за да спречи средба помеѓу лидерите на Украина, САД и на Русија.

– Прашањето за прекин на војната треба да се реши на ниво на лидери, но сега гледаме дека Русите прават сè што е можно да ја спречат средбата. За разлика од Русија, Украина не се плаши од никакви средби со лидери. Ние сме подготвени продуктивно да работиме, до максимален можен степен – наведе Зеленски.

Тој изрази надеж дека „партнерите ќе помогнат да се обезбеди барем минимално продуктивна позиција од страна на Русија“.

– Треба да ги принудиме да се вклучат во дипломатијата. Потребни ни се навистина силни санкции, ако тие не се согласат на дипломатско решение за оваа војна, ако не сакаат да ја завршат. Сметаме на силни санкции од нашите партнери – рече Зеленски.

Зеленски нагласи дека тој и Руте разговарале за безбедносните гаранции за Украина од другите земји, кои, според украинскиот претседател, треба да бидат слични на Член 5 од повелбата на НАТО.

Поврзани содржини