НЕ Е ПЛАНИРАНА СРЕДБА НА ПУТИН СО ЗЕЛЕНСКИ Лавров ги лади надежите за скорешен мировен договор меѓу Русија и Украина

Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред, рече Лавров во интервју за американската телевизија Ен-би-си.

183

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека не е планиран состанок на рускиот претседател Владимир Путин со украинскиот колега Володимир Зеленски.

– Нема планиран состанок. Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред – истакна Лавров во денеска објавеното интервју за американската телевизија Ен-би-си.






Тој се осврна и на резултатите од самитот Русија-САД во Аљаска, истакнувајќи оти Русија покажала флексибилност по низа прашања иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп.

– Претседателот Трамп предложи неколку точки по Енкориџ, за некои имаме исто мислење, а за некои се согласивме да покажеме одредена флексибилност – наведе Лавров.

Поврзани содржини