МОНИКА БЕЛУЧИ БЕШЕ ГРИЖЛИВА КАКО МАЈКА! Српска актерка зборува за соработката и пријателството со големата ѕвезда

Пријателството на италијанската актерка и модел Моника Белучи и српската актерка Слобода Мичаловиќ трае уште од времето кога заедно работеле на филмот на Емир Кустурица „На млечниот пат“. На социјалните мрежи на Мичаловиќ, ќе забележите дека оваа убава Италијанка постојано ѝ ги лајкува фотографиите, а понекогаш ѝ пишува и коментари

544

Популарната српска актерка Слобода Мичаловиќ на 21 август го прослави својот 44 роденден, а многумина се согласнидека никогаш не изгледала поубаво.

Од самиот почеток на кариерата таа редовно се наоѓа на листите на најубави жени, па токму затоа на филмското платно често добивала улоги на заводливи жени.






Доколку погледнете на социјалните мрежи на Мичаловиќ, не можете да не забележите дека познатата италијанска актерка и модел, преубавата Моника Белучи, постојано ѝ ги лајкува фотографиите и неретко ѝ остава коментари под истите.

Нивното пријателство започнало пред многу години кога заедно работеле на филмот на Емир Кустурица „На млечниот пат“, а актерките останале блиски години подоцна.

– Ние две фантастично се согласувавме, како да се знаеме отсекогаш, како да сме пријателки од училиште. Имам само пофални зборови за неа, секогаш беше тука како поддршка. Го сакам зголемениот адреналин на сетот, сите сцени ги направив сама, без каскадери. Моника се чудеше и говореше дека не сум човек од циркус, туку актерка и дека ќе се повредам. Беше грижлива како мајка, открила Слобода своевремено.

Поврзани содржини