ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ЌЕ ДОНЕСЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ПАЗАРОТ Николоски очекува и пониски цени во мобилната телефонија

Заклучно со првиот квартал од годинава во државава се регистрирани 1.941.996 активни претплатници во мобилната телефонија, од кои најголем удел имаат двата мрежни оператори, А1 Македонија, 47,69% и Македонски Телеком со 46,66%. Удел од 3,38% има М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34% на Телекабел, 0,38% Мтелмобајл, 0,10% Греен мобиле.

115

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, изјави дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.

-Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор  во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените – рече Николоски.






Како што посочи, изборот на нов оператор е независна постапка на Агенцијата за електронски комуникации, а процедурата ќе продлжи по завршување на изборите.

– Драго ми е дека има интерес. Од прв ден кога бев избран на функцијата кажав дека на македонскиот пазар има дуопол помеѓу двата мобилини опеатори и тоа е факт кога ќе видите поделба на пазарот 51 и 49. Се е  јасно, во однос на квалитетот и на цените мислам дека граѓаните доволно кажуваат, така што конкуренцијата е здрава и добра. Од АЕК кажаа дека имаат одредени ограничувања поврзи со изборите, но изборите ќе завршат за два месеца, процедурата ќе си продолжи. Согласно тендерските правила веќе на крајот на следната година треба да работи новиот оператор, што значи дека му се дава една година да се опреми, со базни станици, итн, и веќе во следната година ќе можеме да имаме мобилни телефони и со трет оператор во државата- рече Николоски.

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“  единствена достави понуда на тендерот на АЕК за доделување одобренија за нов мрежен оператор откако во декември лани поднесе документи до регулаторното тело и изрази интерес за влез на македонскиот пазар како трет мобилен оператор.

Новиот мобилен оператор во земјава, според условите од тендерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.

Заклучно со првиот квартал од годинава во државава се регистрирани 1.941.996 активни претплатници во мобилната телефонија, од кои најголем удел имаат двата мрежни оператори, А1 Македонија, 47,69% и Македонски Телеком со 46,66%. Удел од 3,38% има М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34% на Телекабел, 0,38% Мтелмобајл, 0,10% Греен мобиле.

Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во првите три месеци од годинава Македонски Телеком има удел од 49,77,а  А1 Македонија од 47,71 %.

Поврзани содржини