СО ЗАПАЛКА ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР НА ОТВОРЕНО ВО ВЕЛЕШКО Уапсен 46-годишник од Горно Оризари
Пламените јазици биле изгаснати од екипата на Територијалната противпожарна единица Велес. За среќа нема повредени лица.
Маж на 46 години од велешкото село Горно Оризари бил уапсен откако со запалка запалил сува трева и предизвикал пожар, информираше Министерството за внатрешни работи.
Пламените јазици биле изгаснати од екипата на Територијалната противпожарна единица Велес. За среќа нема повредени лица.
Приведениот Е.Л. бил задржан во полициската станица во Велес.