ВО АЛБАНИЈА ОТКРИЕНА СТАТУА НА ИСУС ХРИСТОС Локалното население очекува местото да стане туристичка дестинација

Споменикот наликува на славната статуа „Христос Спасителот“ во бразилскиот Рио де Жанеиро, со која Исус Христос е прикажан со раширени раце.

439

Во еден од најимпресивните планински региони во Албанија, регионот Никај-Мертур кај северниот албански град Тропоја, поставена е статуа на Исус Христос. Тоа е прва ваква статуа во Албанија.

Споменикот наликува на славната статуа „Христос Спасителот“ во бразилскиот Рио де Жанеиро, со која Исус Христос е прикажан со раширени раце.






Статуата е направена од Сокол Ндуе Прогни, жител на областа. На церемонијата на откривањето присуствуваа претставници на црквата, жители на областа, како и многу гости од Албанија и од дијаспората.

Иницијативата за поставување на статуата е на локални верници и организации кои сакаат да создадат нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.

Локалното население и организаторите веруваат дека ова место ќе стане посакувана туристичка дестинација.

Поврзани содржини