ТРАМП ЌЕ ЗАШТЕДИ 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Апелацискиот суд во Њујорк ја поништи казната против него
Одлуката на Апелацискиот суд на Менхетен е пораз за главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, која Трамп ја обвини дека ја поднела тужбата за да поттикне политички лов на вештерки и да го спречи да освои втор мандат.
Апелацискиот суд на американската сојузна држава Њујорк денеска ја отфрли казната од околу половина милијарда долари против претседателот Доналд Трамп во случајот за измама.
Одлуката на Апелацискиот суд на Менхетен е пораз за главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, која Трамп ја обвини дека ја поднела тужбата за да поттикне политички лов на вештерки и да го спречи да освои втор мандат. Во февруари 2024 година, судија од понискиот суд ја потврди казната, откако утврди дека Трамп погрешно го претставил своето богатство и средства, за да го поттикне бизнисот на неговото семејство.
Трамп негираше какво било кривично дело, а неговите адвокати тврдат дека сите грешки во пријавувањето на богатството на Трамп на неговите доверители и деловни партнери се ирелевантни, бидејќи никој не бил оштетен.
По одлуката на Апелацискиот суд на Менхетен, Трамп прогласи „целосна победа“.
„Го почитувам фактот што судот имаше храброст да ја отфрли оваа незаконска и срамна одлука“, објави Трамп на социјалните мрежи.