СИ ВЕТИВМЕ ДЕКА ЗАЕДНО ЌЕ ГО ВРАТИМЕ СЈАЈОТ НА СКОПЈЕ Лукровски и Ѓорѓиевски на средба со Влатко Стефановски
Заедно со мојот пријател и иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, разговаравме со Влатко Стефановски на скопски културни и музички теми. Слушнавме мноштво убави предлози и се надеваме дека ќе биде дел од нашиот тим кој ќе рашири љубов низ цело Скопје, низ нашиот Карпош, објави кандидатотт на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска имаа средба со македонскатта музичка легенда Влатко Стефановски, на која разговарале за развојот на главниот град.
„Денес имав особена чест да поразговарам со еден исклучителен карпошанец, Влатко Стефановски. Музичка величина од светски ранг. Заедно со мојот пријател и иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, разговаравме со Влатко на скопски културни и музички теми. Слушнавме мноштво убави предлози и се надеваме дека ќе биде дел од нашиот тим кој ќе рашири љубов низ цело Скопје, низ нашиот Карпош. Се присетивме и на легендарното Клубче во Тафталиџе, на сите музички легенди кои баш таму ги направија своите први музички чекори. Во наше Тафталиџе, во нашиот Карпош. Си ветивме дека заедно ќе го вратиме сјајот на Скопје, а со тоа и на Карпош. Така и ќе биде“, напиша Лукровски во објавата на Фејсбук.