ВИЕНА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОСОНГ 2026 Австриската престолнина го победи Инсбрук во трката за организатор на јубилејната 70-та Евровизија
Полуфиналето на Евросонг 2026 ќе се одржи на 12 и 14 мај, а финалето на 16 мај, во Виенер Штадхале, најголемата затворена арена во Австрија.
Виена повторно ќе биде домаќин на Евровизија во 2026 година, соопшти Јавниот радиодифузен сервис ОРФ на Австрија. Следната година е јубилејно, 70-то издание на најпознтата европска музичка манифестација.
Полуфиналето на Евросонг 2026 ќе се одржи на 12 и 14 мај, а финалето на 16 мај, во Виенер Штадхале, најголемата затворена арена во Австрија.
Австрија ги доби правата за домаќин, откако нејзиниот пејач Џеј Џеј победи на Евровизија 2025 во Базел, Швајцарија. Виена на крајот го победи градот Инсбрук во трката за домаќин на натпреварот.
Главниот град, дом на околу 2 милиона жители, ја поднесе својата кандидатура под мотото „Европа, ќе танцуваме?“. Виена го истакна своето евровизиско искуство, сигурната инфраструктура и обемниот хотелски капацитет.
Инсбрук, пак, водеше кампања со слоганот „Заедно на врвот“, истакнувајќи го својот алпски пејзаж и модерна арена.
Да се биде домаќин на Евровизија носи економски поттик, настанот може да го подигне меѓународното реноме на градот и да привлече туристи, како што покажаа претходните домаќини Ливерпул, Малме и Базел.
Виена го дели 4-тото место со Копенхаген, Малме и Стокхолм на листата на градови кои најмногу пати биле домаќини на Евровизискиот натпревар. Само Даблин, Лондон и Луксембург го организирале натпреварот повеќе пати.
– ЕБУ е воодушевена што Виена е избрана да биде домаќин на евровизискиот натпревар во 2026 година. Репутацијата на Виена како еден од најмузикалните градови во светот и нејзината локација во срцето на Европа ја прават совршен град домаќин за 70-тото издание на Евровизија. Штадхале беше одлично место за 60-тото издание на Евровизија во 2015 година и со нетрпение очекуваме повторно да ги пречекаме делегациите, уметниците и фановите таму следниот мај, кога најголемиот светски музички настан во живо ќе слави 70 славни години. Заедно со домаќинот ќе создадеме спектакуларна прослава на музиката што ќе одекне низ целиот свет – изјави Мартин Грин, директор на Евровизиј.
Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, е возбуден што го пречекува светот во австриската престолнина.
– Можеме да бидеме горди што ЕБУ и ОРФ го избраа нашиот град како најсоодветен за домаќинство на еден од најголемите светски настани – рече тој.