МАЈК ДАГЛАС ЗАСЛУЖИ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА НА 80 ГОДИНИ Сопругата Кетрин Зита Џонс објаснува што може да се очекува од непредвидливиот актер

По шест децении во индустријата, Мајкл Даглас објави дека се повлекува од глумата и дека ужива во своето пензионирање, а неговата сопруга, Кетрин Зета-Џонс го откри својот став за одлуката на сопругот

646

Откако по шест децении во индустријата, Мајкл Даглас објави дека се повлекува од глумата и дека ужива во своето пензионирање, неговата сопруга, Кетрин Зета-Џонс го откри својот став за одлуката на сопругот во рамките на интервјуто за The Times.

За време на интервјуто во врска со нејзината улога на Мортиша Адамс во Нетфликсовиот Wednesday, актерката се осврна на одлуката на Даглас, да се пензионира.






– Мајкл дефинитивно ја заслужи шансата да забави. Но, никогаш не велам никогаш. Тој е син на неговиот татко и сака да работи – да речеме само, „пензионирањето“ е флексибилен концепт, вели таа.

Пензионирањето на Мајкл Даглас

Коментарите доаѓаат само еден месец откако актерот објави дека нема намера повторно да глуми и дека само сака да ја гледа жена си како работи.

Излегувајќи на сцената на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Мајкл откри дека иако официјално не ги закачил своите актерски чевли, се класифицирал себеси како пензионер веќе три години.

– Не сум работел од 2022 година, намерно, затоа што сфатив дека морам да престанам. Работев доста напорно речиси 60 години и не сакав да бидам еден од оние луѓе што паѓаат мртви на снимањето. Немам вистинска намера да се вратам. Велам дека не сум во пензија затоа што ако се појави нешто посебно, би се вратил, но во спротивно, не, рекол Мајкл додавајќи дека е среќен што „ја глуми сопруга“, додека Кетрин Зета-Џонс продолжува да работи во Холивуд.

Бракот на Мајкл и Кетрин

Мајкл и Кетрин, кои се венчаа во хотелот Плаза во Њујорк во 2000 година, имаат 25 години разлика во годините што ги загрижуваше блиските на ѕвездата од Велс во тоа време.

Во разговор за „Тајмс“, таа вели: „Ние не ги слушаме глупостите што се пишуваат за нас, тоа е главната работа. И го почитуваме нашиот простор, ние сме независни духови. Многу сме слични; родени сме на ист ден, со 25 години разлика. Не се плашиме да бидеме вербални, да се изразиме. Кажуваме сè што мислиме и јас и тој, што е добро.

Двојката има две деца заедно, Дилан (25) и Карис (22) и синот на Мајкл, Камерон (46), од неговиот прв брак.

Поврзани содржини