📷 ВУЧИЌ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО МИНИСТЕРОТ КОЈ ДОБИ МОЗОЧЕН УДАР „Нашиот Дарко ја напушта болницата, за 1 месец се враќа на работа“

1,767

Министерот за јавни вложувања на Србија, Дарко Глишиќ, во понеделникот ја напушти болницата, откако на почетокот на месецов доживеа тежок мозочен удар за време на телевизиски пренос на Пинк, објави српски Блиц.

Дарко Глишиќ по приемот во болница итно беше опериран и се наоѓаше во тешка здравствена состојба, но по 13 дена закрепнување е отпуштен на домашно лекување.






– Сега сум добро, благодарам на сите за поддршката – накратко изјави министерот за медиумите.

Веста дека министерот ја напуштил болницата претходно во понеделникот ја објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм.

„Нашиот Дарко штотуку ја напушта болницата. За еден месец ќе се врати на редовните должности. Благодарам на сите кои се грижеа“,  напиша Вучиќ покрај заедничка фотографија.

Поврзани содржини