ВТОРА ЖРТВА ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ БИТОЛА-РЕСЕН Во болница 20-годишен охриѓанец им подлегна на повредите

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила – „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на Битола со живеалиште во Германија и „опел“ со охридски регистарски таблички, во кое се превезувале две лица на возраст од 20 години од Охрид.

3,600

Сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила денеска околу 13 часот на патот Битола–Ресен, кај местото викано Слечиште, информира Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила – „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на Битола со живеалиште во Германија и „опел“ со охридски регистарски таблички, во кое се превезувале две лица на возраст од 20 години од Охрид.






Според МВР, 52-годишниот битолчанец починал на лице место, додека едно од лицата во „опелот“ им подлегнало на повредите во Клиничката болница во Битола.

Поврзани содржини