АРМИЈАТА ПРОСЛАВУВА 33 ГОДИНИ На одбележувањето најавени хеликоптери, униформи и 300 нови војници

Министерството за одбрана најави нови набавки на возила, униформи, хеликоптери и дополнителна модернизација.

595

Армијата на Македонија денеска, на 18 август, одбележува 33 години од формирањето. Централната свеченост се одржува во касарната „Јане Сандански“ каде присуствува државно-воениот врв.

– По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на мирот и одбраната, преку континуирана сестрана реформа, помош во справување со кризните и вонредните состојби, поддршка на цивилните институции во справување со елеменатарните непогоди како пожарите и поплавите. Тоа се уште го прави професионално, одговорно и пожртвувано, а доказ за ова е континуираното уживање највисока доверба кај народот – рече претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова во денешното обраќање на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август.






Како што напомена Сиљановска-Давкова, преку три децении Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината.

– Визијата на Генералштабопт (ГШ), дејството на Командата за операции, знаењето на Командата за обука и доктирни, поддршката на Логистичката база и честа на Баталјонот за почести се присутни во секој сегмент од армиското делување. Нашата Армија е сотлб на стабилноста и мирот – подвлече претседателката.

Таа порача надлежните институции да размислуваат за долгорочни проекти кои ќе гарантираат самоодржливост и развој на одбраната не само во мирни услови, туку и во амбинет на воена закана и потенцијален конфликт.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање истакна дека денешниот роденден на АРМ значи 33 години напредок, безбедност и сигурност на граѓаните. Тој им се заблагодари на сите мажи и жени во униформа и сите вработените во одбраната, за тоа што денес, како што истакна, сме организирана, високопрофесионална, исклучително почитувана Армија.

– Вие сте олицетворение на вековниот стремеж за самостојност и независност, затоа што одговорноста за суверена Македонија е ваша. Давате и продолжувате да давате се’ од себе за армијата и одбраната на продолжат да се движат напред и тоа го почитувам и го вреднувам. Столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. Буџетирањето на одбраната е на високо ниво и така ќе продолжиме. Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана со исполнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлуките од Самитот на НАТО. Инвестициите во одбраната ги гледаме на дело, средствата кои граѓаните ги вложуваат во нашата одбрана ги инвестираме плански и домаќински. Резултатот го гледаме пред нас, во новите лесни оклопни инженјерски возила, во новите артилериски орудија, во нова напредна Армија која ни овозможува да кажеме, македонската Армија е НАТО Армија – посочи Мисајловски.

Министерот додаде дека пред само неколку дена пристигнаа 29 нови лесни оклопни возила од американско производство, а се работи постојано на дополнително опремување и вооружување на Армија преку нови униформи, нови воени средства, како и опрема за сајбер одбрана, специјални возила за посебни намени…., но и набавката на хеликоптери.

– Армијата ја градиме преку одличните билатерални односи со нашите сојузници, посебено со САД, кои се поддржуваат во континуитет со сериозни финансиски средства. Обединетото кралство не’ поддржи со индивидуална опрема, а со Турција склучивме договори за набавка на околу 4.000 комплети борбена униформа кои очекуваме да пристигнат веќе во септември, а во доплнителна постапка и процес сме и за околу 3.400 пара и уште нови 1.800 комплети борбена униформа. Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд, склучивме договор за набавка на медицински возила, инжениерски машини, дозери, натоварувачи, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови и многу друга опрема – посочи министерот за одбрана.

Мисајловски нагласи дека во финална фаза е приемот на 300 нови професионални војници.

Македонската одбрана инвестира во развојот, се опремува и модернизира и многу важно се подмладува и пополнува. Тоа е гарант дека нашата сила и способност да бидеме темел на државата денес ќе биде реалност и во иднина, потенцираше министерот за одбрана на свеченоста.

Поврзани содржини