📽️ МЕДИЦИНСКИОТ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР СОЗДАВА ВРВНИ КАДРИ Во последните 45 дена има нови 600 специјализанти и 1.250 вработувања
Симулаторите во МСЦ, се врвна технологија, на кои може да се симулираат речиси сите патолошки појави и состојби на човекот, потенцираат од Министерството за здравство. Со нови 600 специјализанти и над 1.250 вработувања низ здравствените установи во последните 45 дена, се проектира здравството според реалните потреби на граѓаните, се вели во соопштението.
Со функционирањето на Медицинскиот симулациски центар во кој се обучуваат специјализанти, студенти по медицина, тимови на брза помош, персонал од интензивна нега, гинекологија, неонатологија, се создаваат капацитети кои одговараат на највисоките европски критериуми и каде подготвеноста на кадарот произлегува од стратешки поставен модел на постојана едукација и работа, велат од Министерството за здравство.
Со нови 600 специјализанти и над 1.250 вработувања низ здравствените установи во последните 45 дена, додаваат, се проектира здравството според реалните потреби на граѓаните.
Симулаторите во МСЦ, потенцираат оттаму, се врвна технологија, на кои може да се симулираат речиси сите патолошки појави и состојби на човекот. Тоа е средина каде што знаењето се претвора во искуство, а искуството станува сигурност за секој живот што зависи од здравствениот систем.
„Нашиот пристап е јасен – инвестираме во луѓето“, велат од министерството и потенцираат дека таа визија се претвора во практика преку успешното функционирање на Медицинскиот симулациски центар.