РУСИЈА УДРИ ПО МЕДИУМСКАТА СЛОБОДА „Репортери без граници“ ставени на црната листа

Москва ја прогласи организацијата за непожелна со можни затворски казни за соработка.

178

Руското Министерство за правда ја стави меѓународната организација за слобода на медиумите „Репортери без граници“, со седиште во Франција, на списокот на непожелни организации, јавуваат британските медиуми.

Ваквата одлука значи дека секој руски граѓанин кој ќе соработува или ќе ја финансира организацијата може да се соочи со казна затвор до пет години. Москва редовно прогласува непожелни организации за кои тврди дека ја поткопуваат националната безбедност.






На листата досега се најдоа и Радио Слободна Европа/Радио Либерти, финансирано од владата на САД, меѓународната еколошка организација „Гринпис“ и Амнести Интернешнл.

„Репортери без граници“ е основана во Франција во 1985 година, со мисија да ги заштитува новинарите и да се бори против цензурата на глобално ниво. Организацијата сè уште нема дадено официјален коментар за одлуката на руските власти.

Во најновиот Индекс на светска слобода на печатот, „Репортери без граници“ ја рангира Русија на 171-то место од 180 држави, а оваа година на својот список вклучи 50 новинари кои се притворени во земјата.

Поврзани содржини